ОХРИД И ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО РИЗНИЦИ МЕЃУ ПЛАНИНИ |
|
контакт: contact@ohridmacedonia.com.mk |
|
OHRID - MACEDONIA |
|
КАЖУВАЊА за Охрид |
|
Се вели дека охридската историја е стара колку и охридскиот обработен камен. Милениумите и вековите овдека се чувствуваат во многу нешта. Затоа древниот Охрид со право се нарекува град-музеј и уметничка ризница низ вековите. Охрид е сличен на икона. Зелените бои и златниот блесок на вегетацијата, во различните годишни времиња, како да сугерираат слика покриена со патина. Се чини како да е составен од исклучително складен спектар на бои, каде што доминираат окерни тонови, без излишни акценти коишто би го нарушиле исклучителното колористичко единство. Охрид е како стара и скапоцена книга, но и како бескрајна нишка на раскошен ѓердан во кој секое од изминатите времиња оставило свој скапоцен камен. Охридското Езеро, еден од најголемите природни музеи на Европа, и градот Охрид, исклучителна, повеќевековна уметничка ризница на југот на Европа, како интегрално добро, од 5 септември 1980 се внесени во Списокот на светското културно и уметничко богатство на Унеско. Охрид своето јадро го сочувал во стариот дел на градот, под Самуилова тврдина. Така, денес, на двата рида меѓу градските бедеми, многумина љубители на природните реткости, археологијата и уметноста ќе сретнат многу повеќе од она што го очекуваат. Во овој град музеј на Република Македонија, секоја црква и црквичка, фреска или икона претставуваат раритети од непроценлива вредност. Било кога во годината кога Охридското Езеро се посматра осветлено од Сонцето се добива впечаток дека тукушто се родило, а милионите години, колку што е старо ова езеро, како воопшто да не постојат. Во неговите сини води постоји растително и животинско царство за кое денес нешто се знае, исклучително врз основа на фосилите. Токму затоа на биолозите и истражувачи на Охридско Езеро една од главните цели е научно да објаснат зошто овде, како во некоја џиновска скривница се сачувала таква флора и фауна, а пред сė, охридските пастрамки *летницата и белвицата*, ендемични видови на риби кои ги населуваат водите на Охридското Езеро. Основниот услов кој овозможил одржување на остатоците на прастариот растителен и животински свет, како и нивната натамошна еволуција, е долгиот континуитет на егзистенцијата на Охридското Езеро. Всушност, Охридското Езеро почнало да „живее" уште пред појава на човекот. Поточно, според истражувања на професорот д-р. Синиша Станковиќ, езерото е старо околу четири милиони години. Настанало во дамнешните геолошки епохи со тектонско поместување: се кревале планини, се спуштале котлини, се формирале и умирале други езера, дури и море опфаќало дел на Балканскиот Полуостров.А Охридското Езеро останало негибнато од промените кои го менувале и географскиот изглед на многу соседни делови. Истражувачите на Охридското Езеро открија редица ендемични видови на растенија и животни кои ги населуваат само водите на оваа езеро. Меѓу рибите има околу 60% ендемични видови. Овие ендемични видови со право можат да се сметаат последни остатоци на прастариот воден свет кои уште предледеното време ги населувал водите на Евроазијска почва. Охридското Езеро е сместено во котлина која од сите страни е опкружена со планини чии врвови често се повисоки од 2000м. На неговата источна страна се наоѓаат планините Петрино и Галичица. Галичица ја разделува Охридската од Преспанската котлина. На запад се издигува Јаблница, Величка и Мокра планина. На север се простирaат Охридско и Струшко поле, додека на југ се простираат Албанските планини. Скоро правилната елипсоидна форма на езерото ни овозможува со поглед да обфатиме редица истакнати места и целата негова модросина површина. Од манастирот Св. Наум се простират невидлива гранична линија на водата кон селото Радожда на спротивниот брег и го дели езерото на два дела; две третини од неговата површина и припагат на Република Македонија, а една третина на Република Албанија. Најголема должина на Охридското Езеро изнесува околу 30 км. Неговата широчина е различита –од максимална која изнесува 14,5 км. до средната коа изнесува 11 км. Најголема длабина на езерото 286 м. е измерена меѓу селата Пештани и Трпејца на далечина на 5 км од брегот на езерото. Средната длабина на езерото изнесува 151 м. На голематаата бистрина на водата, чија провидност изнесува 22 м, придонесуваат подводните врутоци и извори кои се наогаат долж источниот и јужниот брег. Најголем број извори се подземните притоки од соседното Преспанско Езеро кое се наоѓа на повисока надморска височина, а исто така е создадено од тектонско поместување на почвата. Најпознати Охридски извори се Студенчишта, попознати како Билјанини извори во непосредна близина на градот. Силни врутоци има околу манастирот Св. Наум и натаму, на Албанска територија, кај Старова и Поградец. Изворите кај манастирот Св. Наум излегуваат во подножјето на планината Галичица. Водата најпрвин се збира во едно живописно езерце, које во текот на времето формирало и два живописни острови. Кристалната бистра вода од езерцата како кратка и брза речица се влива во Охридското Езеро. Кај Струга водата од Охридското Езеро како река Црни Дрим тече кон равницата која се простира кон север. Реката потоа минува низ живописна клисура која за својот свадбен пат кон Атланскиот Океан ја користат јагулите од Охридското Езеро. Бреговите на Охридското Езеро уште од најстарите времиња биле густо населени. Покрај *Лихнид* (денешен Охрид) се наоѓал и античкиот град “ Енхелон” (денешна Струга) –грчкиот збор енхелон во превод значи јагула. Подоцна, во текот на вековите, покрај редица рибарски села, никнеле и три големи градски населби: Охрид и Струга на македонска и Поградец на албанска територија. Со својата единствена флора и фауна Охридското Езеро претставува едeн од најголемите биолошки резервати на Европа. Првите научни истражувања кои во Охридското Езеро беа вршени во 19. век открија дека во него, како во едно од најстарите езера на нашата планета, е сочуван прастар жив свет кој на други места не постои или се сретнува само во форма на фосили. За тоа најубедливо говорат повеќе стотици научни трудови за Охридското Езеро на македонски, српски и други странски биолози и географи, кои се објавени во најугледните странски списанија или посебни студии или публикации.Кон крајот на 19. век и во текот на 20. век пионери на истражувања на Охридското Езеро беа двајца истакнати српски научници: светски познатиот географ Јован Цвијиќ и д-р. Синиша Станковиќ, професори на Белградскиот универзитет. Географот Јован Цвијиќ во 1898 и 1899 ги вршеше своите геоморфолошки, геолошки и лимнолошки истражувања на Охридското Езеро, неговата котлина, неговиот состав и потекло. Езеро тогаш беше прв пат измерено, беше утврден обликот на неговиот базен и беа анализирани неговите хидрогеографски и термички својства. Систематските истражувања на водата на Охридското Езеро уште во текот на 1922. год. ги започна проф. д-р. Синиша Станковиќ (1892-1974). Неговите проучавања на прастарата флора и фауна траеја се до неговата смрт, повеке од половина век. Овие истражувања придонесоа професорот д-р. Станковиќ да стане научник од светски глас и човек за кого се денес смета дека научно го „открил" Охридското Езеро. Тој докажа дека во ова езеро има многу растителни и животински видови, ендемични и наполно непознати и дека Охридското Езеро во тој поглед претставува единствен природен музеј. Поради тоа Охридското Езеро е еден од природните резервати на нашата планета. За науката е мошне важно што во геолошка смисла останало мошне долго неизменето, а токму тоа од ова езеро прави идеална лабораторија за откривање многу тајни за настанувањето и развојот на земјината топка. Од посебно значење се и рибите од Охридското Езеро. Рибната фауна од Охридското Езеро го сочинуваат 17 видови, кои припаѓат на три групи: пастрамки, бели риби и јагули. Охридскиот (тркалезен) ендемичен сунѓер исто така представува еден од најинтересните реликтни видови во езерото. Научниците исклучително го споредуваат со ендемичните сунѓери во Тибериското Езеро на Блискиот Исток и во Бајкалското Езеро во Сибир. Закључокот на научниците е дека охридските, тиберијските и бајкалските сунѓери представуваат мошне, мошне стари остатоци на терциалниот жив свет од Евроазијското подрачје што се сочувале до наше време. Поради континуирани истражувања на Охридското Езеро во текот на 1935 год. проф. Синиша Станковиќ кај Охридските извори Студенчишта го формира Хидробиолошкиот завод.
ОХРИД - ГРАД МУЗЕЈ И УМЕТНИЧКА РИЗНИЦА НИЗ ВЕКОВИТЕ Градот Охрид своето јадро го има сочувано во стариот дел на ридот под Самуиловата тврдина. На простор од само неколку квадратни километри во стариот дел на градот е сочуван единствен музеј на античката и средновековната уметност. На овој простор во Охрид сретнуваме остатоци од антички храмови и палати, ранохристијански базилики, како и многубројни цркви изградени меѓу 9. и 14. век и во подоцните времиња, со повеке стотици квадратни метри фрески, со десетици скапоцени икони, со бројни ракописни книги на словенски и други јазици, а исто така и други раритети. Античкиот и средневековен Охрид, гостолјубиво отварајќи им ја вратата на градителите, сликарите и писателите, станува една од најзначајните уметнички ризници на југот на Европа. Древен Охрид со векови доминира на ридот над Охридското Езеро и бил богата и утврдена населба. Во минатото не го заобликувала судбина на многу градови на Балканскиот Полуостров кои се наоѓале меѓу реката Дунав и Пелопонез, Дарданелите и Јадранското Море. Од памтивек за овој град се грабеле скоро сите освајувачи на Македоинија кои, често, и не успевале да навлезат преку неговите силни бедеми. Трагите на спомениците на тие времиња, останати под дебелите напластувања на изминатите векови, сега грижливо ги истражуваат археолозите. Со епохалното археолошко откритие кај населбата „Охридати" во крајбрежниот појас на Охридското Езеро археологот Паско Кузман потврди дека под водите на Охридското Езеро се наоѓат археолошките резерви од периодот од праисторијата наваму. Крајбрежниот простор на Охридското Езеро од хотелот „Палас" до населбата „Охридати" лежи на остатоци од неколку наколни населби од времето на неолитот, па се до крајот на бронзеното време. Сите нови куќи се изградени врз остатоци од наколни живеалишта во овој крајбрежен дел од центарот на Охрид. Археолошки е потврдено дека луге овде живеале уште пред 7000 години. Археолошките ископувања во Самуилова тврдина од почетокот на 21. век под раководство на археологот Паско Кузман дадоа значајни резултати за цивилизацијата во ритчестиот дел на Охрид во бронзеното време пред околу три илјади години, како и за микенско-хелинистичкиот период од 6. век п.н.е. до крајот на 1. милениум пред нашата ера. Меѓу епохалните археолошки откритија во првите години на 21. век група археолози предводени од археологот Паско Кузман од Заводот и Музеј во Охрид во внатрешноста на Охридската тврдина во 2004. год. открија остатоци за кои се претпоставува дека се дел од првата тврдина од времето на Филип II Македонски. Ова тврдина подигната на Охридскиот рид се смета дека била изградена во средината на 4. век п.н.е. Археолозите пронајдоа остатоци на крепост и кула од раната антика. Во Охридската тврдина од тој период археолозите пронајдоа и автентични монети ковани во градот Лихнид, односно во монетарницата која за време на Александар Македонски се наогала на овој терен. На лицето на монетите има натпис со името на градот Лихнид и со чун, а на опачината на монетите е втиснат македонски штит. Пронајдени се и 12 мегарски чаши изработени од фина керамика, а на дното е втиснато „Сонцето од Вергина". На 30.9.2002. кај Горна порта, во стариот дел на Охрид, на северната страна на градските бедеми од Самуиловата тврдина беше откриена гробница со женска златна посмртна маска, со златна ракавица и со златен прстен. Временската припадност на оваа гробница и наодите во неа се од 5. век п.н.е. Тоа е најстарото познато погребување во Лихнидската некропола во ритечистетиот дел на древен Охрид. Со три периоди Охрид влегува во Европската историја како центар на словенската писменост, духовност и култура кон крајот на 9. и почеток на 10. век за време дејствувањето на словенските просветители св. Климент Охридски и св. Наум Охридски; како претстолница на Самуилово царство, првата држава на Македонските словени кон крајот на 10. и почетокот на 11. век и како 8-вековно седиште на Охридската архиепископија кога настануват најзначајниите сочувани архитектонски објекти и сликарски дела од средниот век. Всушност, со векови Охрид бил „Прозорец кон светот". Како црковен и културен центар во минатото овој град имал значајна историјска и културна улога уште во најраниите контакти меѓу словенскиот и византијскиот свет, поточно им припаѓал на оние градови на југот на Европа во кои се одвивал процес на вкрстување на култура, па поради тоа Охрид имал значајно место и во развојот на Европската култура. |
|
АРХИВА... (во изработка...)
|
Текст: |